Тага во Италија: Почина директорот на Фиорентина

На 55-годишна возраст денеска почина директорот на Фиорентина Џо Бароне кој два дена водеше битка по срцевиот удар кој го имаше во хотелот во Бергамо пред натпреварот со Аталанта.

Натпреварот беше одложен, а Бароне пренесен во клиниката „Сан Рафаеле“ во Милано од каде што денеска беше потврдена трагичната вест.

За жал ваквиот исход беше најавуван од медиумите со информацијата дека состојбата на Бароне не е добнра. Утрово на клиниката во Милано пристигна и неговото семејство.

На функцијата директор во Фиорентина, Бароне беше од 2019 година и важеше за денса рака на сопственикот Роко Комисо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО