Поранешниот селектор на англиската фудбалска репрезентација, Швеѓанецот, Свен Ериксон зборуваше за квалитетите на актуелниот селектор на англиската репрезентација, Герет Саутгејт.
– Водењето на Англија секогаш доаѓа со притисок. И јас го почувствував тоа, сер Боби Робсон исто така. Тоа го чувствуваа сите 13 селектори кои работеа со тимот на Англија во минатото.
Но, никој од нас не го направи тоа што го направи Герет. Тој го водеше тимот до полуфиналето на Светското првенство 2018-та, до финалето на ЕП 2020, и четвртфиналето на Светското првенство 2022-та.
Саутгејт и неговиот тим повторно се во финалето и на ЕП 2024. Герет е несомнено најдобриот англиски селектор по сер Алф Рамзи, вели Ериксон.