ФС на Србија со максимална поддршка за селекторот Стојковиќ!

На седницата на Извршниот комитет (ИК) на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФФС), беше потврдено она за што се пишуваше во медиумите последните денови.

Селекторот на српската репрезентација, Драган Стојковиќ Пикси ќе остане на функцијата и во наредниот период, со целосна поддршка од челниците на ФСС, кои се огласија со соопштение.

– Преку видео конференциска врска се одржа седница на Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Србија и беа донесени неколку важни одлуки. По деталниот извештај на селекторот на репрезентацијата за настапот на ЕП во Германија, потврдена е довербата и максималната поддршка за Драган Стојковиќ во исполнувањето на следните цели кои стојат пред најдобрата репрезентација.

Тоа е претстојниот циклус натпревари во Лигата на нации, каде акцентот ќе биде ставен на тренинзите и подготовката на репрезентацијата за квалификациите кои водат на Светското првенство во САД, Мексико и Канада 2026 година.

Во средината на август Стојковиќ ќе им биде на располагање на медиумите за да одговори на сите прашања, се наведува, меѓу другото, во соопштението на ФСС.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО