Сведоштво на првиот тренер на Алкараз за почетоците на шпанскиот тенисер

Некогашниот тренер, односно првиот на Карлос Алкараз, долови на публиката како изгледале почетоците на шпанскиот тенисер.

Карлос Алкараз успеа брзо да ги освои срцата на навивачите ширум светот, а во прилог му оди тоа што наскоро Рафаел Надал се повлекува, па тој може да биде новиот лидер на шпанските тенисери за кого ќе навиваат сите од таа земја.

Имено, Скај телевизијата неодамна емитуваше документарна емисија за младите тенисери, а таму зборуваше некогашниот тренер на Алкараз.

– Карлос никогаш не сакаше да губи, кршеше рекети, неговиот татко мораше да го брка од терените затоа што не поднесуваше порази, постојано беше во солзи. Тој мораше да работи на себе бидејки мораше да најде начин како да ја сочува енергијата, а да не го погоди секој пораз негативно. Како само ја удараше топката тоа беше нешто неверојатно, тој на 13-14 години беше видлив, повеќето го знаеа низ турнирите, знаеа дека ќе биде нешто од него, открива Кико Наваро.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО