Олимписките натпревари во сурфање се одложени поради неповолните услови и силните ветрови, соопштија организаторите.
Натпреварувањата во машка и во женска конкуренција беа прекинати во понеделникот и не продолжија денеска како што се надеваа домаќините. Двете финалиња сега се презакажани за 2 август.
– Најавите се дека од четврток ветрот ќе се заврти од југоисточен правец што позитивно ќе влијае врз временските услови, изјави Паскал Лучиани, член на Организацискиот комитет на ОИ во Париз.