Јувентус испрати понуда за фудбалерот од средниот ред на Аталанта, Тун Копмајнерс, велат денешните информации од Италија.
Холанѓанецот е прва трансферна цел на „бјанконерите“ откако во мај беа договорени личните услови.
Првата официјална понуда е во износ од 45 милиони евра, но екипата од Бергамо бара 60 милиони. Копмајнерс минатата сезона играше одлично во Лига Европа (ЛЕ) и беше еден од најзаслужните за триумфот на Аталанта која во финалето го совлада Баер Леверкузен.