Судијата Ентони Тејлор сруши рекорд во Премиерлигата

Борнмаут и Челси го одиграа својот меч ова коло, а „сините“ ги обезбедија бодовите по победата со минимални 1:0.

На овој натпревар е срушен и еден рекорд од судиите. Имено, судијата Ентони Тејлор, на оваа средба успеа да подели 14 жолти картони, што административно гледано, е најмногу кој некој судија го дал во најсилната англиска лига во поновата историја.

Ако ги земеме во предвид и тренерите на двете екипи, Енцо Мареска и Андони Ираола, им беше доделена јавна опомена и на нив, така да тие не влегуваат во статистиката, но заедно со нив, поделени се 16 жолти картони.

Претходниот рекорд беше од натпреварот Тотенхем – Шефилд Јунајтед пред повеќе години, каде правдата ја делеше судијата Питер Бенкс, кој на споменатиот натпревар додели 13 картони.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО