Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум објави дека постигнала договор со косовскиот суперлигаш СЦ Гњилане за позајмица на босанскиот напаѓач со германски пасош Сенад Јаровиќ.
Раководните лица на двата клуба веќе ја потпишаа позајмицата на 25-годишниот напаѓач, а Јаровиќ ќе биде дел од СЦ Гњилане од 20 јануари до 15 јуни.
Од Струга наведуваат дека тој ќе отпатува со тимот во Турција, за потоа да се приклучи на новиот клуб од Косово, кој исто така е на подготовки во Анталија.
-Струга Трим Лум му посакува многу среќа и успех на Јаровиќ во елитното косовско фудбалско друштво, објавија од клубот