ГОТОВО Е: Костадин Захов промовиран во Воска

Искусниот 36-годишен голман Костадин Захов по 8 години минати во Шкендија реши да си замине зимово. Но не беше долго без клуб откако денес е промовиран во нов член на Воска.

Пет шампионски титули, два трофеи во рамките на Купот, одличен настап во Европа, комплетирани вкупно 144 чисти голови и приближно 300 натпревари во македонската прва лига.

Токму со овој багаж во доаѓа еден од најдобрите голмани во земјава, Костадин Захов.

Захов кариерата ја започна во родниот град, во екипата на Беласица, за подоцна да игра со Вардар, Хоризонт Турнова, Брегалница и Шкендија е Тетово.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО