Струга го елиминира Мулти Есенс и опстана во ракометното елитното друштво

Ракометниот клуб на Струга и следната година ќе игра во најдобриот македонски ракометен шампионат, затоа што славеше над Мулти Есенс 24-19 во рамки на баражот за опстанок во Суперлигата кој се одигра на неутрален терен во Прилеп.

Стружани до победата дојдоа во второто полувреме. Првиот дел се играше во егал, двата тима цело време беа близу, а на паузата беше 12-12. Разликата Струга ја направи на стартот на вториот дел кога со четири гола во низа се одлепи на 16-12.

Мулти Есенс се обиде да се врати во мечот, во еден момент дојде на минус два (21-19), имаше и напад за минус од еден гол, но по промашувањето, стружани се вратија во претходниот ритам и заминаа на 24-19 на три минути пред крајот, што беше доволно за победа.

РФМНајдобар стрелец кај стружани беше Ненад Костоски со девет гола, додека Филип Пајкоски погоди пет пати, а кај Мулти Есенс, се истакна Христијан Гурмешевиќ со шест гола, пред Филип Насевски со четири реализации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО