Деновиве се појави информација дека македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, наводно се договорил за трансфер во Валенсија.
Но според последното интервју дадено за шпанските медиуми, Димитриевски се уште не донел конечна одлука за иднината. Тој буквално ги демантираше шпекулациите за трансфер на „Местаља“.
– Нема вистина во пишувањата дека сум имал веќе договор со Валенсија. Постојат шпекулации, но не се вистинити, не сум одлучил се уште. Водиме преговориме, сакам да останам во Рајо, но ќе видиме што ќе се случува, сакам да потврдам дека немам потпишано за никого, порача Димитриевски.
Неговиот договор со Рајо Валекано истекува на крајот од сезоната и доколку не се договорат, тој станува слободен агент и ќе може да избира потоа кој ќе биде неговиот следен чекор во кариерата.