Љубичиќ го анализира „проблемот“ на Ѓоковиќ: Тој не заборави да игра тенис, но..

Некогашниот тенисер Иван Љубичиќ, неодамна во интервју за Газета дело спорт, зборуваше за формата на српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Поранешниот тренер на Роже Федерер, ги анализираше последните резултати на Јаник Синер и Карлос Алкараз, двајцата кои покажаа дека можат да бидат предводници на идната генерација, па се осврна и на проблемот со Новак Ѓоковиќ.

– Во овој момент, додека се обидуваме сите да сфатиме на која точка е Ѓоковиќ, верувам дека Алкараз и Синер се далеку пред сите останати и дека ќе владеат во иднина со години. Тие ќе бидат референтна точка.

Новак Ѓоковиќ нема титула од почетокот на сезоната, а Љубичиќ е убеден дека во прашање е краткотрајна резултатска криза.

– Неговиот проблем е во психолошката природа, сигурно не заборави да игра тенис. Без сомнеж, Новак мора да го најде повторо стариот жар. Тој беше навикнат да се бори за секој поен, да освојува сантиметар по сантиметар, тоа му е потребно. Сепак, убеден сум дека неговите цели годинава се Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри, порача хрватскиот стратег Љубичиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО