Фудбалските клубови ширум светот лани потрошиле рекордни 9,63 милијарди евра за трансфери. Тоа е зголемување за 48,1 насто во споредба со 2022 година во која ефектите од пандемијата на ковид-19 почнаа да опаѓаат, се вели во извештајот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Тоа е повеќе за две милијарди долари од претходниот рекорд поставен во 2019 година.
Во машкиот фудбал, ФИФА лани обработила 3.279 трансфери. Десет од нив сочинуваат 10 отсто од вкупната сума. Меѓу нив се издвојуваат зделките на Џуд Белингам, кој дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд, на Енцо Фернандез кој се пресели од Бенфика во Челси, и на Хари Кејн од Тотенхем во Баерн Минхен.
Најмногу трошеа англиските клубови, предводени од Челси. Тие потрошија 2,96 милијарди долари, трипати повеќе од клубовите во Франција, кои се втори на листата. Но англиските клубови вратија повеќе од една милијарда долари од продажбата на играчи.
Германските клубови потрошиле 850 милиони, а заработиле 1,21 милијарди долари.
Клубовите од Саудиска Арабија, за првпат влегоа во првите пет потрошувачи, со околу 950 милиони долари. Ова се должи на значајните аквизиции на Нејмар, Садио Мане и на Ријад Марез. Кристијано Роналдо и Карим Бензема, исто така се преселија во Саудиска Арабија, но таму дојдоа како слободни играчи.
Челси и Пари Сен Жермен се најголемите трошаџии, кои вложиле најмногу во своите тимови. Други фудбалски гиганти како Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен ја заокружуваат првата петорка според трошењето во 2023-та.
„Импресивниот раст“ на женскиот трансфер пазар е нагласен и во извештајот на ФИФА
Во 2023 година, вкупно 623 женски клубови биле вклучени во меѓународните трансфери, а во претходната година, 507. Од една во друга земја се преселиле 1.888 играчи (во 2022-та, 1.571).
Ова резултираше со рекордна годишна потрошувачка од 6,06 милијарди долари, што претставува зголемување од 84,2 насто во однос на 2022 година.
? Spending on international transfer fees reaches new high
? International transfers in women's football increase by more than 20%The FIFA Global Transfer Report 2023 is here, charting all the transfers of men's and women's players in both amateur and professional football.
— FIFA (@FIFAcom) January 30, 2024