„Специјалниот“ по своја мерка си стави нов прекар – сега е Хари Потер!

Многупати низ кариерата Жозе Мурињо имаше специфични пресконференции, а тоа го потврди и на последната од нив.

Фудбалерите на Рома во недела од 20:45 играат против Милан, во рамки на дербито од 20. коло во Серија А.

Мурињо зборуваше за овој натпревар на пресконференцијата пред медиумите и сам себе се спореди со култниот лик Хари Потер.

– Некои мислат дека се викам Жозе Хари Мурињо Потер, затоа што нивото на очекувања е висок. Четири бода не делат од четвртата позиција, се бориме за нешто што е скоро невозможно, со оглед на тоа какви противници имаме.

Рома имаше доста проблеми со повредите изминатиот период, а тоа Мурињо го посочи на пресконференцијата.

– Кристенсен не е дефанзивец, Манчини нема тренирано еден месец, Љоренте се повреди, овде морам да ги одбранам моите играчи и да кажам дека се наоѓаме во сериозна ситуација. На четири бода сме од доста важна цел, мора да одиграме на ниво на Сан Сиро, мора да дадеме се од себе, порача Мурињо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО