Спектал во најава: Меморијален натпревар за 60-от роденден на легендарниот Дражен Петровиќ

По повод роденденот на хрватската кошаркарска легенда, Дражен Петровиќ кој во септември ќе наполнеше 60 години, во негова чест, ќе се одигра меморијален натпревар во Загреб.

Александар Петровиќ, братот на покојниот Дражен, на социјалната мрежа Х објави дека натпреварот ќе се одигра на 5 септември и и’ се заблагодари на политичката елита што се согласила да ја кофинансира организацијата.

„Благодарност до Владата на Република Хрватска, премиерот Пленковиќ и министерката Брњац што се одлучија за кофинансирање на меморијалниот натпревар на Дражен Петровиќ, кој ќе се одигра на 5 септември 2024 година во арената Загреб. Сите дополнителни информации поврзани со овој, се надевам спектакуларен натпревар, ќе бидат објавени на пресот за неколку дена“, напиша Ацо.

Ревијален натпревар во чест на Дражен беше планиран за разни јубилеи. Пред 10 години беше најавено гостување на еден од НБА клубовите на Дражен, Бруклин нетс или Портланд трејлблејзерс, но осигурувањето за НБА ѕвездите чинело десетици милиони долари.

За годинава планиран е натпревар меѓу репрезентацијата на Хрватска и засега непознат противник. Но некако најреален избор се чини дека е Реал Мадрид, како еден од петте клуба на Дражен, кој не е скап како НБА тимовите, а сепак екстремно атрактивен затоа што моментално е најдобриот европски тим.

Роденденот на Дражен е на 22 октомври, но во тој период сезоната веќе е во ек, па се смета дека е попрактично да се организира ваков настан малку порано.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО