Спектакл во Загреб: НБА ѕвезди, Хрватска против Европа во чест на Дражен Петровиќ

Пред речиси 60 години во Шибеник е роден еден од најпознатите светски кошаркарски виртуози, Дражен Петровиќ.

Во пресрет на роденденот на Дражен, неговото семејство, Владата на Република Хрватска, Хрватскиот кошаркарски сојуз и партнерите го организираат проектот „Меморијален натпревар во спомен на Дражен Петровиќ“, што ќе се одржи на 5 септември во арената „Загреб“.

Кошаркарски натпревар за прв пат ќе се одигра на ЛЕД подлога во Хрватска.

– Пред нас е еден од најголемите кошаркарски спектакли во поновата хрватска историја. На 5 септември на фасцинантната „ледена“ површина, која за првпат ќе биде поставена во Хрватска, ќе се одигра натпреварот меѓу хрватската репрезентација и европската селекција предводена од легендарниот селектор, Жељко Обрадовиќ, најави Зденка Зрилиќ, координатор на проектот.

На спектаклот во Загреб ќе присуствуваат и кошаркари кои никогаш не се собрале заедно. Од денешните НБА ѕвезди на кои Дражен им беше пример, па се’ до соиграчите од Барселона 92′ и играчите од американскиот „дрим тим“.

-Што се однесува до натпреварот, најсилната хрватска репрезентација ќе игра против европската репрезентација, најсилната можна селекција составена од играчи кои моментално се во Европа. Соиграчите (11) на Дражен ќе бидат најважните ВИП гости на тој меч. Поканети се и американскиот „дрим тим“, кој беше противник на Хрватска во Барселона 1992 година. Покани ќе добијат и на 16 регионални НБА играчи, меѓу кои се Јокиќ и Дончиќ, изјави Александар Петровиќ.

Покрај спортскиот аспект, овој натпревар има и културна вредност бидејќи го слави животот и наследството на Дражен Петровиќ, чие име останува синоним за извонреден талент, посветеност и инспирација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО