Ѓоковиќ ќе го скокне Вимблдон, за да им се посвети на Игрите во Париз?

Новак Ѓоковиќ, по се’ изгледа, нема да настапи на годинaшниот Вимблдон. Како што објавија италијански извори, Србинот сака што подобро да се подготви за Летните олимписките игри (ЛОИ) во Париз, кои ќе му бидат приоритет.

Ова веројатно е и една од причините поради која Горан Иванишевиќ и Новак Ѓоковиќ ја прекинале соработката. Ѓоковиќ се’ уште нема олимписко злато, а претстојните Игри во Париз се одлична можност тоа да се промени.

Ѓоковиќ би можел да донесе уште една изненадувачка одлука во серијата, со тоа што ќе покани сосема неочекувана личност да биде дел од неговиот Стручен штаб.

Еден од потенцијалните идни тренери на Ѓоковиќ, е Маркос Багдатис, финалистот на Австралија опен во 2006 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО