Спанулис го скрати списокот на Грција за олимписките квалификации

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација, Василис Спанулис го скрати списокот на играчи за квалификацискиот турнир за Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Кошаркарите на Грција ги совладаа Бахамите со 102:75 на Акрополис купот, а Спанулис по мечот најави дека во продолжението од подготовките нема да смета на Јанис Кузелоглу, Јоргос Танулис и Лефтерис Манзукас.

Спанулис моментално има ростер од 14 кошаркари, а конечниот список од 12 играчи ќе биде објавен до почетокот на квалификацискиот турнир за ОИ.

На списокот се: Костас Антетокоумбо, Јанис Антетокоумбо, Ник Калатес, Василис Харалампопулос, Никос Хугаз, Панајотис Калаикакис, Јанулис Ларенчакис, Михалис Лунчис, Константинос Митоглу, Костас Папаниколау, Јоргос Папајанис, Димитрис Мораипилис и Томаси Вомаси.

Олимпискиот квалификациски турнир ќе се игра од 2 до 7 јули во Пиреја. Во групата А ќе играат Словенија, Нов Зеланд и Хрватска, а во групата Б se Грција, Египет и Доминиканската Република.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО