Фудбалерите на Италија добија забрана да користат видео-игри додека се дел од Европското првенство во Германија. Нивниот селектор, Лучијано Спалети, им забранил да користата „PlayStation“ посебно во ноќните часови.
-Ме интересира само сите да спијат. Не дозволувам тимот да остане буден и потоа да доаѓа на тренинг – вели Спалети.
-Дали мислите дека е правилно да се игра до три или четири часот наутро? Или спиете подобро ноќе без него? Психолозите и лекарите го кажуваат истото – вели селекторот на „аѕурите„