СП во пливање: Кинезот Жанли со нов светски рекорд на 100 метри слободно

Тинејџерската сензација од Кина, Пан Жанли, постави нов светски рекорд на 100 метри слободно на Светското првенство (СП) во пливање во Доха, Катар.

Младиот, 19- годишен Жанли рекордот го постави во штафетната трка 4×100 метри со време од 46,80 секунди. Со тоа тој го надмина Романецот Давид Поповичи чие претходно рекордно постигнување изнесуваше 46,86 секунди, испливано во август 2022 година.

Ова беше прв златен медал за Кина во машката штафета 4×100 слободно. Жанли доби и бонус од 30.000 долари за поставувањето светски рекорд.

-Пресреќен сум. Соборувањето на светскиот рекорд ми доносе многу радост, тоа докажува дека тренинзите се исплателе. Мојата цел сега е да пливам уште побрзо и да победам и на индивидуалната трка на 100 метри. Не можам да предвидам колку брзо, но се надевам дека мојот рекорд нема да биде скоро надминат, изјави Жанли.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО