Сопруга на играч на Челси, меѓу редови побара смена на тренерот Покетино

Челси повторно гази во „сивата зона“, односно каде што немаат многу простор за напредок и евентуален излез во Европа.

Кризата во Челси беше продлабочена вчера откако на „Стемфорд Бриџ“ пред својата публика, иако поведоа, загубија од Волверхемптон со 4:2.

Очигледно дека добар дел од навивачите на Челси гледаат вина во тренерот Маурисио Покетино, а слично нешто, или бунт, најави сопругата на Тијаго Силва, Бел, која на социјалните мрежи излезе со статус, во кој воопшто не го криеше разочарувањето кон Покетино, односно бесот кон него.

– Време е за промена, ако чекате уште, потоа ќе биде доцна, порача Бел Силва, што јасно алудира дека таа бара Челси да го смени тренерот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО