Ерлинг Халанд се враќа во составот на Манчестер Сити, откако претходно беше надвор од тимот поради повреда.
Халанд во еден последните поткасти на медиумите во Манчестер, раскажуваше за многу нешта во неговата кариера, а новинарот кој го водеше поткастот, го интересираше каков тип на спортист му импонира на Норвежанецот.
– Ми се допаѓа Ѓоковиќ, тој е модел на играч и спортист кај кој ми се допаѓа стилот како пристапува на натпреварите. Тој остана доследен на себе и она што го постигнува е неверојатно, би рекол дека Новак Ѓоковиќ емојот идол. Ако зборуваме за ментална тврдина, нема подобар од него, порача Ерлинг Халанд.
Инаку Манчестер Сити вечерва гостува во рамки на редовното коло од Премиерлигата на екипата на Брентфорд.