Солскјер за проблемите што ги имал во Јунајтед: На младите играчи им недостига амбиција

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер јавно проговори за однесувањето на некои од помладите играчи-ѕвезди во периодот кога беше менаџер на Манчестер јунајтед, од 2018 до 2021 година.

Солскјер објасни дека некои од нив биле премногу „скаменети“ и не сакале да даваат кратки интервјуа пред и по натпреварите, да одговорат на две, три кратки прашања, како и оти имале проблем во справувањето со критиките од фудбалските експерти.

– Никој не одби да биде капитен на тимот, но пред некои натпревари можеше да се слушне: „Не сакам да бидам капитен“! И тоа не ми го кажуваа лично, туку бараа од други да ми кажат. Тоа беше разочарувачки, тие се некоја поинаква генерација и со однесување кое покажува недостиг на амбиција, вели Солскјер.

Тој исто така, го критикуваше протекувањето на информациите од соблекувалната и рече дека тоа е делумно последица на (пре)многуте играчи во тимот.

– Ние во тренерскиот штаб имавме многу добар однос со играчите, но секогаш има  двајца или тројца што се незадоволни, па и несреќни, рече тој.

Роналдо повторно му се приклучи на Јунајтед за 19,7 милиони фунти во август 2021 година, но Солскјаер признава дека тоа не функционирало според планираното, поради низа причини, и покрај тоа што постигна 24 гола во дебитантска сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО