Тимот на Ливерпул отпатува за САД на нивната претстојна претсезонска турнеја . Новиот менаџер Арне Слот го објави составот од 28 фудбалери.
Од претходно се знаеше дека дури 11 првотимци ќе добијат продолжен одмор откако настапија на Европското првенство и на Купот на Америка. Меѓу нив се Вирџил ван Дијк, Трент Александар-Арнолд, Дарвин Нунес, Луис Дијаз итн.
Според шемата, „црвените“ на турнејата во САД ќе одиграат натпревари против Бетис, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Севилја. Првата средба ќе ја имаат в сабота против Севилја.