Тренерот на Ливерпул, Арне Слот реагира на шпекулациите во англиските медиуми за можно негово отпуштање.
Ливерпул синоќа загуби од ПСВ на домашен терен со 1:4 во 5. коло од Лигата на шампионите.
-Не сум загрижен. Фокусиран сум на други работи, не се грижам за мојата позиција во клубот. Треба да работам понапорно, изјави Слот за „NBC Sport“.
Ливерпул е 13-ти на табелата во Лигата на шампионите со девет бода. Во Премиер лигата, тимот е на 11. место со 18 бода од 12 натпревари.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: