Слот испишува историја: Само четворица тренери ја освоиле ПЛ во својата прва сезона!

Нема веќе дилеми дека раководството на Ливерпул направи фантастичен потег со ангажманот на Арне Слот за наследник на Јирген Клоп. „Редси“ под водство на Холанѓанецот маршираат кон титулата во ПЛ, а тука се и перфектните настапи во Лигата на Шампионите.

Да потсетиме дека ова на Арне Слот му е прва сезона во Премиерлигата, а досега само четворица пред него успеале во својата деби сезона да дојдат до титулата во најсилната фудбалска лига во светот.

Интересно, меѓу нив не се ни Фергусон, Гвардиола, Клоп и Венгер.

Тоа се Жозе Мурињо (2004/05) кој со Челзи ја освои круната во својата деби сезона. Втор е Карло Анчелоти кој во таа (2009/10) исто така со Челзи беше шампион. Трет е Мануел Пелегрини (2013/14) беше првак со Манчестер Сити, а последен е Антонио Конте (2016/17) му донесе уште една титула на Челзи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО