Новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, летово планира да изврши голема реформа на ростерот на „црвените ѓаволи“, за што е подготвен да продаде 21 играч на тимот. Ова го пренесува „Manchester Evening News“.
Според изворот, новиот косопственик на Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со следните играчи: голманот Том Хитон, десниот бек Арон Ван-Бисака, централните дефанзивци Рафаел Варан, Виктор Линделоф, Џони Еванс и Хари Мегваер, играчите од средниот ред Каземиро, Кристијан Ериксен, Софијан Амрабат, Скот МекТоминај, напаѓачки играчи Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд, Ентони, Омари Форсон, Амад Диало.
Исто така, се размислува за потенцијална продажба на играчи кои моментално се позајмени: крилните играчи Факундо Пелистри, Џејдон Санчо и Мејсон Гринвуд, играчите од средниот ред Дони ван де Бек и Ханибал Мејбри, дефанзивецот Брендон Вилијамс.