Следната сезона во Чемпионшип, Шефилд ќе ја почне со минус два бода

На Шефилд му се одземени два бода за следната сезона во која најверојатно ќе игра во Чемпионшип, одлучи Премиер лигата. Казната е поради прекршувањето на правилата на Лигата во врска со неплаќањата на други клубови за време на сезоната 2022/23.

Казната на Шефилд, која почнува на почетокот од следната сезона во Чемпионшип, вклучува и плаќање на правните трошоци од 310.455 фунти. Клубот соопшти дека е „разочаран“, но и оти нема да се жали на одлуката.

Одложените плаќања, кои кумулативно беа повеќе од 550 дена, се случија за време на кампањата во која клубот беше воден од Пол Хекингботом и заврши како второпласиран, зад Барнли.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО