Славна американска спортистка загина во лавина на Косово

Легендарната американска скијачка Кетрин Ригби (54) го загуби животот во лавина на Косово и Метохија. Несреќата се случила во областа Орлово гнездо во Брезовица.

Нејзиното име не беше споменато во извештајот и не беше потврдено дека таа е жртвата, но нејзините роднини на социјалните мрежи ја информираа јавноста дека се работи за Кетрин.

Магазинот „Беккаунтри“ ѝ посвети текст, во кој уредникот Адам Хауард зборува за неа со одбрани зборови.

„Целиот свет изгуби посебна душа“, напиша Хауард.

Ригби беше познат по тоа што скијаше од највисоките врвови во светот.

Најголемиот подвиг го постигна кога се спуштила од шестиот највисок врв во светот, Чо Ју, кој се наоѓа на Хималаите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО