Скопскиот маратон слави 20 години: „Трчањето ќе те промени“

Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Скопскиот маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди.

Нема причина тоа да не биде така и на годинешново 20-то јубилејно издание на најмасовниот спортски настан во државава. Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќини на илјадници тркачи, полумаратонци и маратонци од преку 50 држави од целиот свет.

Пријавувањето веќе е во тек (http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/), а местата полека се пополнуваат. Организаторите повикуваат на масовно учество на јубилејниот маратон, да се трча рамо до рамо со големите маратонски имиња, заедно да се радуваме и забавуваме, да волонтираме со своите сограѓани, да ги почувствуваме позитивните вибрации.

Од организацијата најавуваат одлично издание на трките, со можност секој  учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО