Скариоло останува селектор на Шпанија до 2028 година

Италијанскиот стратег Серхио Скариоло се очекува да потпише нов договор со шпанската машка сениорска кошаркарска репрезенација кој ќе го задржи на селекторското место во 2028 година.

Единствена пречка која може да застане на патот на нов договор е доколку претседателот на шпанската кошаркарска федерција, Елиса Агилар не биде реизбран за функцијата, но и шансите за тоа се минимални, пренесуваат шпанските медиуми.

Скариоло во моментот го заврши вториот селекторски мандат во Шпанија. Првиот беше од 2009 до 2012 година, а по тригодишната пауза, од 2015 година одново стана првиот човек на една од најдобрите кошаркарски репрезентации.

Со него на селекторското место Шпанија освои четири златни медали на Евробаскетот во 2009, 2011, 2015 и 2022 година, еден златен медал на Светското првенство во 2019 година, сребрен медал во 2012 година и два бронзени медали на Олимписките игри во 2016 година, односно Евробаскетот во 2017 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО