Фудбалерот Жером Боатенг е познат по многуте скандали кои произлегоа околу неговото име изминатите неколку години, а сега неговата мајка излезе со шокантна исповед.
Германскиот весник „Шпигл“, дошол до посед на мејл која го испратила мајката на Боатенг и во него имало прилично шокантни детали.
Поранешната девојка на Жером Боатенг, Касија Ленхарт, изврши самоубиство пред извесен период, откако раскинаа со партнерот, а мајката на Боатенг тврди дека нејзиниот син има удел во тоа самоубиство.
– Син ми со години злоставува жени, ментално и физички, Касија си го одзема животот затоа што не сакаше да се носи со последиците на неговото однесување, тврди мајката на Боатенг.
Тие двајца беа во врска во периодот од 2019 до 2021 година и нејзиното тело беше пронајдено на 9. февруари 2021 година во стан во Берлин. Адвокатите потврдија дека жената сама си го одзела животот, за да не влезе во процес на судење против Боатенг, против кого сакала да поднесе соодветна кривична пријава.