10/09/2024

Сити ќе има крајно напорен финиш на сезоната

Набиениот распоред на Манчестер Сити во финишот на сезоната ќе ја принуди Премиер-лигата да направи одредени промени во календарот. Средбата на „граѓаните“ со Тотенхем веројатно ќе се префрли во мај бидејќи редовниот термин се преклопува со полу-финалето на ФА Купот во кое ќе играат Сити и Челзи.

Викендот зад нас беше одложен и мечот на шампионот со Брајтон повторно поради натпреварите од Купот. Згора на тоа четата на Гвардиола може да игра во завршницата од Лигата на шампионите што дополнително ќе ја искомпликува ситуацијата со слободни термини за заостанатите мечеви.

Затоа се очекува Сити прво да го одигра мечот со Брајтон на 22 април а потоа и дербито со Тотенхем кое може да решава околу титулата во Премиер-лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО