Jаник Синер не сака да оди по стапките на Карлос Алкараз и неговата ПР агенција, која прави одлични работи за шпанскиот тенисер, односно го подига на големата сцена со зборови, пред да направи голем резултат.
Италијанецот гази цврсто на земја и останува скромен по големиот успех во Мелбурн, па тврди дека мора да работи уште повеќе по овој пехар, за дополнително да се пробие на тениската сцена.
Самиот Синер остана скромен до крај и порача дека не знае се уште што носи иднината, но дека е пресреќен што е дел од оваа тениска генерација.
Со оглед на тоа дека е најмлад освојувач на Австралија Опен, Синер се огради од некој триумфализам и остана со две нозе цврсто на земја, па порача дека сега му претстои уште понапорна работа.
– Новак Ѓоковиќ е тотално друга лига, но мило ми е што го победив. Има уште многу работа пред мене, долг е патот, многу ми значи освојувањето на овој трофеј, но не знам што уште ми носи иднината, засега ќе уживам во овој успех и процес, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина, порача Јаник Синер.