Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не успеа да го одведе тимот во полуфиналето на Лигата на шампионите. Атлетико беше елиминиран од Борусија Дортмунд откако загубија со 2:4 во Германија, а Симеоне како главна причина за конечниот резултат ја посочи ефикасноста на Борусија Дортмунд.
– До крајот се трудевме да ја оствариме нашата цел, иако натпреварот не се развиваше како што посакувавме. Борусија добро реагираше откако израмнивме. Домашните победија бидејќи беа понаметливи во шеснаесетникот“, прокоментира Симеоне.
– Борусија поведе од нивната прва чиста шанса, а ние ја пропуштивме нашата шанса. И на крајот нашиот противник ги искористи единствените ситуации пред нашиот гол. При 2:2 направија два опасни напади кои завршија со голови. Се трудевме многу, направивме се што беше во наша моќ, но не успеавме, изјави Симеоне.
– Бевме блиску и можевме да го израмниме вкупниот резултат, но Борусија беше супериорна над нас. Кога губиш, мора да му честиташ на другиот тим, заврши Диего Симеоне.