Силва ќе мора да си бара нов клуб

Раководството на фудбалскиот состав Челзи нема намера да го продолжи договорот со 39-годишниот централен дефанзивец, Тијаго Силва.

Весникот „Гардијан“, објави, дека тековната соработка меѓу двете страни ќе заврши во текот на летото. Бразилецот го облече дресот на „сините“ во 2020 година кога дојде од ПСЖ.

Тој во сезонава има одиграно 28 средби во сите конкуренции а успеа да постигне и три гола. Неговата трансферна вредност е околу 3 до 5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО