Шведскиот фудбалски репрезентативец, Кристофер Олсон е хоспитализиран и ставен на апарати за одржување во живот поради неидентификувана болест на мозокот, соопшти неговиот клуб, Митјиланд од Данска.
– Олсон има акутно заболување на мозокот што не е резултат на каква било повреда или на надворешни фактори. Шведскиот интернационалец ја загуби свеста во својот дом во вторникот по што беше однесен во Универзитетската болница во Архус каде што беше хоспитализиран, се вели во соопштението на клубот.
Олсон (28) кариерата ја започна во Арсенал, потоа играше за Митјиланд, АИК Стокхолм, Краснодар и Андерлехт, пред минатото лето повторно да се врати во Митјиланд.
Шведскиот фудбалски сојуз на социјалните мрежи со објави дека му посака брзо закрепнување на Олсон. „Целото шведско фудбалско семејство мисли на вас и се надева дека брзо ќе закрепнете“.