Спортскиот директор на тениската федерација на Македонија, Горан Шевченко, денеска на програмата на Спортско радио 90,3 фм, се осврна на активностите, на натпреварувачки и на организациски план, во кои се инволвирани македонските претставници.
– Од приемот во европската и во светската тениска асоцијација, во 90-те години, па до денеска, македонскиот тенис постигнува забележителни резултати. Тенисерките неодмна имаа добри настапи, за респект, во рамките на Били Џин Кинг купот, а такво нешто набргу очекуваме и од мажите, во Дејвис купот.
Во минатите 30-на години повеќепати покажавме дека сме добри организатори. Да потсетиме дека Марат Сафин, потоа Бобан Живоиновиќ и уште неколку познати светски тенисери биле дел од турнирите во Скопје.
Мислам дека од организацијата на профисонални меѓународни турнири македонскиот тенис има огромна корист. Еден од приоритетите во иднина ќе ни биде изградба на национален тениски центар, потенцираше Шевченко.