Позната и последната мегаѕвезда во „Дрим тимот на 21 век“

Американците подготвуваат кошаркарски тим за Игрите во Париз, кој според имињата и класата на играчи можеби е најблиску до оригиналниот „Дрим тим“, од Игрите во Барселона 1992 година

Американците ги потврдија 12-те играчи кои ќе дојдат во Париз и ќе атакуваат на златниот медал. Последното, 12. место, како што беше најавено, го зазеде Кави Ленард.

За селекцијата на САД која ќе атакува на петтото последователно олимписко злато во Париз треба да настапат: Леброн Џејмс и Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Кевин Дурент и Девин Букер (Феникс), Џоел Ембид (Филаделфија), Ентони Едвардс (Минесота), Џејсон Тејтум и Џру Холидеј (Бостон), Бам Адебајо (Мајами), Тајрис Халибартон (Индијана) и Кави Ленард (ЛА Клиперс).

Можно е тие „12 величествени“ да се променат, бидејќи допрва почнува плеј-офот и некој може да се повреди.

Од 12-те играчи , Халибартон и Едвардс беа на минатогодишното Светско првенство (СП) каде што селекцијата на САД беше четврта. Дурант има три олимписки злата, Џејмс две, а Тејтум, Букер, Холидеј, Дејвис и Адебајо по едно. Кари играше за тимот на САД двапати на СП и освои две злата, но допрва треба да игра на ЛОИ.

Џејмс (39), Кари (36) и Дурант (35) се најстарите играчи на тимот и многумина сметаат дека нивното учество е „последен танц“во рамките на репрезентативната програма.

Тренерот на Кари во Вориорс, Стив Кер, повторно ќе ја тренира репрезентацијата на САД, а по Париз ќе се повлече. Американците кои се големи фаворити за златото се во групата со Србија, Јужен Судан и уште една селекција која мора да мине дополнителни квалификации.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО