Словенецот Лука Дончиќ го одигра најлошиот шутерски натпревар во НБА кариерата, но сепак стигна до осмиот трипл-дабл во последните 10 натпревари!
Далас маверикс забележа нова победа, против Сан Антонио спарс 113:107, најмногу благодарение на Кајри Ирвинг, кој постигна 28 поени. Маверикс сега е на седмото место во Западната конференција со скор од 40 победи и 29 порази
Дончиќ натпреварот го заврши со 18 поени, 10 скока и 16 асистенции, за 18-ти трипл-дабл сезонава што е негов рекорд во една натпреварувачка година.
Дончиќ имаше мизерен процент на шут (22,2 отсто), промаши вкупно 21 удар (6/27, 2/12 за три поени), најмногу откако е во НБА, но имаше неколку одлични додавања.
Во дербито на вечерта во пресметката меѓу второ и третопласираните тимови на Западот, Денвер нагетс беше подобар од Минесота тимбервулфс на гости со 115:112.
Ѕвезда на натпреварот беше, се разбира, Србинот Никола Јокиќ кој доминираше постигнувајќи 35 поени и 16 скока.
Luka Doncic with the INSANE over-the-head pass to Dante Exum for his 10th assist in the first half 👀pic.twitter.com/m0pbSaKVcm
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 20, 2024