Aвстралиската тенисерка со српско потекло, Јелена Докиќ, доживеа бизарна повреда за време на денешните квалификации во Австралија.
Кога Фернандо Алонсо излета од патеката, земјата се распрсна на сите страни кон навивачи, а едно од ситните камчиња ја погодиле тенисерката во око, па веднаш морала да добие лекарска помош.
– Кога одите на викенд и сакате да гледате Ф1, а автомобил излета пред вас, тогаш некое од камчињата можат да завршат во вашето лице. Фернандо Алонсо излета од патеката и дел од камчињата летаа на сите страни, едно заврши во моето десно око. Морав да се лекувам поради тоа, но се е во ред. Окото ми е малку крваво и изгребано. Ќе преживеам, но благодарност до лекарите во боксот на Мерцедес, им благодарам на сите кои помогнаа, порача Докиќ.
Макс Верстапен повторно беше најбрз на квалификациите, а Карлос Саинц од Ферари ќе тргне од првиот ред до Холанѓанецот.
No está siendo el mejor fin de semana ni para Fernando ni para Jelena Dokic, que resultó dañada en un ojo por la grava de la salida de Alonso.
Vaya puntería tú… pic.twitter.com/DRvbUFCbcx
— Magic🪄 (@TotalVelocidad) March 23, 2024