Ретклиф размислува да го „шитне“ Ентони, а неговата замена пронајдена во Премиерлигата?!

Манчестер Јунајтед ова лето скоро сигурно ќе ги чисти своите редови, а еден од првите имиња кои се споменуваат во излезните трансфери е Ентони.

Бразилскиот фудбалер кој во Манчестер Јунајтед пристигна пред две години, во трансфер вреден 85 милиони евра, но никако не успеа да ги задоволи апетитите кои беа побарани од него во клубот од Манчестер, а и тој не се наметна според очекувањата на луѓето во клубот.

Се верува дека Јунајтед готви веќе трансфер стратегија, во која ќе мора да внимаваат на финансискиот фер плеј, а како заменик токму на Ентони, се навестува фудбалерот на Волверхемтон, Педро Нето.

Нето е во одлична форма оваа сезона во Волверхемптон, додека Ентони ни сезонава не успеа да импресионира, па се најавува неговиот крај на Олд Трафорд.

Очигледно дека со доаѓањето на Џим Ретклиф во Јунајтед ќе се случат одредени промени и тие ќе се однесуваат пред се на кадровски промени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО