Талентираниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој во моментов е на позајмица во Хетафе, не се знае каде ќе заврши на крајот.
Тој имаше судски спор поради кој Јунајтед го испрати на позајмица, со цел да се заборават сите неубави моменти кои се вртеа низ медиумите, но главното прашање или дилема кај секој навивач на Манчестер Јунајтед е дали Гринвид ќе се врати на Олд Трафорд.
Од друга страна, Барселона го следи прогресот на Мејсон Гринвуд и според информации во Шпанија, биле подготвени да му понудат добри услови за трансфер на Камп Ноу, прашање по кое ќе мора да се прашува и Манчестер Јунајтед.
Засега, Мејсон Гринвуд, се уште бил склон на идејата да се врати назад кон Манчестер и да ја потврди својата фудбалска вредност, но прашање е каква би била и понудата од Барселона, која евентуално може да го промени актуелниот став на Гринвуд.
Еден од новите сопственици на Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, веќе има разговор со стратегот на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг околу Мејсон Гринвуд, па наводно се сложиме дека треба да му се даде уште една шанса и дека по епизодата со Хетафе, треба да го вратат назад во Манчестер Јунајтед.