Новак Ѓоковиќ го победи вчера Алекс Попирин во 2. коло од Австралија Опен, по голема броба во четири сета, а мечот го одбележа и инцидентот помеѓу еден навивач во Мелбурн и Новак Ѓоковиќ.
Ситуацијата се закомплицира поради новото правило, кое сега им дозволува на навивачите да влезат во секој гем, да шетаат и генерално да ги деконцентрираат играчите.
Ѓоковиќ се осврна на тоа правило и фактот дека спортот е веќе предодреден кон шоубизнисот.
– Спортот ќе мора да оди по одредени правци и да се прилагодува на новите трендови. Големите турнири се се погласни и тоа е проблем за нас. Публиката ќе испие некој пијалок и потоа ги реметат играчите.
– Очекував дека атмосферата ќе биде далеку по непријателска кон мене и дека стадионот ќе навива за Австралијанецот, но не претпоставував дека некои луѓе ќе одат чекор понапред и да ги минат сите граници со своето однесување. Потоа морав сам да се спротивставам и да го повикам да дојде до долу и да ми каже некои работи во лице, она што го зборуваше на трибините. Тој по мојот потег, да не кажам жаргонски, но се исплаши и тргна потоа да се извинува од далечина, порача Новак Ѓоковиќ.
А на прашање од новинарите, што би направил Ѓоковиќ кога навивачот би се симнал на теренот, тој одговори:
- Посакував да се симне и некои работи да ми ги каже одблиску, во лице, па да позборуваме малку, порача Србинот.