Што доколку навивачот се симнеше на терен? Ѓоковиќ објасни каков ќе бил неговиот прв потег

Новак Ѓоковиќ го победи вчера Алекс Попирин во 2. коло од Австралија Опен, по голема броба во четири сета, а мечот го одбележа и инцидентот помеѓу еден навивач во Мелбурн и Новак Ѓоковиќ.

Ситуацијата се закомплицира поради новото правило, кое сега им дозволува на навивачите да влезат во секој гем, да шетаат и генерално да ги деконцентрираат играчите.

Ѓоковиќ се осврна на тоа правило и фактот дека спортот е веќе предодреден кон шоубизнисот.

– Спортот ќе мора да оди по одредени правци и да се прилагодува на новите трендови. Големите турнири се се погласни и тоа е проблем за нас. Публиката ќе испие некој пијалок и потоа ги реметат играчите.

– Очекував дека атмосферата ќе биде далеку по непријателска кон мене и дека стадионот ќе навива за Австралијанецот, но не претпоставував дека некои луѓе ќе одат чекор понапред и да ги минат сите граници со своето однесување. Потоа морав сам да се спротивставам и да го повикам да дојде до долу и да ми каже некои работи во лице, она што го зборуваше на трибините. Тој по мојот потег, да не кажам жаргонски, но се исплаши и тргна потоа да се извинува од далечина, порача Новак Ѓоковиќ.

А на прашање од новинарите, што би направил Ѓоковиќ кога навивачот би се симнал на теренот, тој одговори:

  • Посакував да се симне и некои работи да ми ги каже одблиску, во лице, па да позборуваме малку, порача Србинот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО