ШПАНИЈА НОВ СВЕТСКИ ШАМПИОН

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија Аргентина по продолженија со 1:0. Херојот на „Црвената фурија“ е Феран Торес, кој го совлада изворедниот Дибу Мартинез во 106-та минута. За Шпанија ова е втора светска титула, правата ја освоија во 2010 година, во Јужна Африка.

Шпанија апослутни ја заслужи победата, беа подобри во текот на сите 120 минути, го диктираа ритмот, создаваа шанси, за разлика од Аргентинците кои се решија да играат бункер.

Шпанците уаптија 20 удари кон голот на Аргентина, 12 од нив одеа во рамките на голот, додека „Гаучосите“, колку и да звучи неверојатно едиинствениот шуут кон голот го имаа во 121-та минута.

Првото полувреме во големото финале беше најлошо на Мундијалот. Шпанците го контролираа поседот, што никого не изненади, Аргентинците беа повлечени во ниска зона, но успеаја во основната намера, на најниското ниво да го спуштат темпото на играта.

За 45 минути, Аргентинците не направија ништо во нападот, изведоа само еден корнер.

„Гаучосите“ не упатија ниту еден удар кон голот на Шпанија и стана втората репрезентација во историјата на финалињата на Светските првенства што немаше ниту еден удар кон голот во првото полувреме.

Интересно е што пред нив, само Франција успеа да го направи тоа, во финалето на последното Светско првенство, кога на спротивната страна беше Аргентина.

Од друга страна, Шпанија имаше три солидни можнности. Ударот на Јамал, откосо, во петтата минута го одбрани Мартинез, потоа Ојерзабал од добра позиција, од 17 метри упати лош удар, топката лесно ја одбрани аргентинскиот голман во 38-та минута и за крај Кукуреља биеше крај стативата во 43-та минута.

Вториот дел беше пресликан на првиот, но ултра дефанзивата поставка на Аргентина, благодарение на голманот Мартинез успеа да го одржи почетниот резултат 0:0.

Две големи шанси имаа Шпанците преку Феран Торес и Лапорт. Торес биеше со глава од шест метри директно во Мартинез, слично заврши и обидот на Лапорт.

А потоа во судиското надополнување, во една минута (91-ва и 92-ра), првата акција на Аргентина во вториот дел заврши со лош центаршут од Симеоне, молскавична контра што Вилијамс не успеа да ја претвори во гол, Мартинез одбрани и еден неразбирлив потег на Енцо Фернандез, кој со жолт картон задоцни во дуелот со Кубарси, го „крена“ во воздух и го стави Винчиќ во ситуација каде што едноставно мораше да му покаже уште еден.

Енцо Фернандеш е првиот играч исклучен во финале на Светско првенство по Џон Хејтинга, кој доби црвен картон во финалето Холандија – Шпанија во 2010 година.

Аргентина влезе продолженито влезе човек помалку.

Аргентинците и во вториот дел не упатија ниту еден удар кон шпанскиот гол, што досега никогаш не се случило во финалните натпревари на Светските првенства.

Шпанија постигна гол во седмата минута од првото продолжение, Мерино го се чини дека го доби дуелот со Отаменди, се протна по топката пред голманот Мартинез и му додаде на Нико Вилијамс, кој ја затресе празната мрежа, но…

Се чини дека Отаменди и Емилијано Мартинез успеаја да го убедат Винчиќ дека биле фаулирани во таа прилика.

Во 103-та минута голема шанса за Микел Мерино. Идеален центаршут од Вилијамс, но ударот на Мерино шаврши крај голот.

Кога топката тргна од центарот за второто продолжение, таа заврши во мрежата на Мартинез.

Резервите на Де Ла Фуенте, Нико Вилијамс и Феран Торес, изведоа минијатура на мал простор, Вилијамс со глава, врати топка која се чинеше дека е изгубена, во средината, а оттаму Торес ја закова топката под пречката за 1:0.

Феран Торес постигна гол во 113-та минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Аргентина единствената конкретна закана ја имаа во 120-та минута, кога по центашутот на Симеоне, Гарсија пред Таљафико ја исфрли топката во корнер. Веднаш во следниот напад, Симеоне се обиде од 15 метри шутираше над голот и тоа беше единствениот удар на Аргентинците кон шпанскиот гол во текот на целиот натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО