ФИФА ќе го истражи скандалот по завршување на финалето на СП

Наместо спортски поздрав од Аргентинците, на теренот настана хаос, откако неколку играчи на оваа селекција влегоа во физички конфликти со фудбалерите на новиот светски шампион.

Во метежот беа вклучени голем број играчи од двете селекции, како и членови на стручните штабови.

ФИФА веќе потврди дека ги разгледува случувањата и собира докази за да започне официјална дисциплинска постапка.

Според најавите, дел од аргентинските претставници би можеле да бидат сериозно казнети поради своето однесување.

Останува ФИФА да ја заврши истрагата за сите инциденти по последниот свиреж на судијата, по што ќе биде познато дали и какви казни ќе следуваат за учесниците во инцидентите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО