Хезоња се уште не знае каде ќе игра следната сезона: Дали Партизан е опција за него?

Марио Хезоња е еден од кошаркарите на Реал Мадрид, кои се омилени кај навивачите на Партизан, веројатно е единствениот кој има симпатии кај навивачката група „Гробари“.

Со оглед на тоа дека минатата сезона Хрватот доби овации од трибините, веројатно и вечерва во „Штарк арена“ ќе биде истото сценарио.

Реал Мадрид во Белград доаѓа практично со најдобрата екипа и сака да ја продолжи доминацијата во Евролигата, а Партизан од друга страна гори од желба да им врати за минатогодишните настапи во нокаут фазата пред фајнал-форот.

По прашање на Хезоња, во Белград преовладуваат симпатии кон овој кошаркар и посакуваат да го видат идната сезона во дресот на „црно-белите“, а се чини дека и самиот кошаркар не ги крие симпатиите кон белградската екипа.

– Секој натпревар за Партизан е сега важен до крајот на регуларниот дел од сезоната, јас како фан на Евролигата, би сакал да ги видам во плеј-офот. Сите ме прашуваат за следната сезона, каде ќе играм, навистина не знам во овој момент, ништо не знам, порача Марио Хезоња.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО