Винсенте дел Боске кој во неколку периоди,седеше на клупата на Реал Мадрид, ги сподели очекувања за денешниот меч на „кралевите“ против Баерн Минхен во ЛШ.
– Мадрид се чини дека е малку подобар со оглед на фактот дека Баерн се збогуваше со хегемонијата во Бундес-лигата. Мечот нема да биде лесен за Реал – изјави Дел Боске.
Денешниот прв натпревар од полу-финалето во ЛШ ќе биде одигран на „Алијанц Арена“ во Минхен. Главен судија ќе биде Клемент Турпин од Франција.