Шпанецот Гаридо на клупата на иранскиот гигант Персеполис

Славниот ирански фудбалски клуб Персеполис денеска се пофали дека на позицијата нов тренер на тимот доаѓа познатиот шпански стратег Хуан Карлос Гаридо.

„Хуан Карлос Гаридо е назначен за нов тренер на „црвените лавови“ по позитивните преговори и договорот со раководните лица на клубот“, се вели во клупската информација.
Интересно е да се напомене дека до вчера се зборуваше дека италијанскиот стручњак Валтер Мацари е во сериозни преговори со Иранците, но очигледно одлуката падна на Гаридо кој е екс-тренер и на Бетис и Виљареал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО